logo
logo
logo

Зошто треба ДА ЈАДЕТЕ КОСТЕНИ - Тие се РИЗНИЦА НА ЗДРАВЈЕ

Vecer | 30.10.2021

Зошто треба ДА ЈАДЕТЕ КОСТЕНИ - Тие се РИЗНИЦА НА ЗДРАВЈЕ

Есента, покрај тоа што е прекрасно годишно време, кое ни го носи уживањето во магичните бои на природата, таа ја збогатува нашата исхрана со своите плодови, а со тоа го зајакнува телото.

Сезоната на опаѓање на листовите ни носи овошје кое е многу здраво и вредно кога се во прашање хранливи материи, минерали и витамини. Со есента, костенот станува еден од најчестите задоволства и состојки на различни јадења.

За разлика од другите јаткасти плодови, костенот содржи многу мали количини на масти и масло и има голема количина на сложени јаглехидрати што му дава низок гликемиски индекс.

Мирисот на печените костени што се шири по улиците ни е добро познат на сите, но можеби не ги знаете сите здравствени придобивки што ги има:

Ја подобрува меморијата

Витамините Б од костенот помагаат во растот на црвените крвни зрнца, ги разградуваат јаглехидратите, протеините и мастите и даваат енергија и сила. Богатиот витамин Б комплекс кој се наоѓа во костените ги зајакнува мозочните функции и меморијата, а севкупно ја подобрува активноста на мозокот.

За одржување на здрав нервен систем придонесува и калиумот, со кој се богати и костените.

Го намалува ризикот од болести

Костенот содржи манган кој се бори со слободните радикали во телото и го намалува ризикот од срцеви заболувања и рак. Исто така, игра клучна улога во процесот на стареење и помага во спречување на згрутчување на крвта.

Го зачувува цревниот систем и имунитетот

Богат со растителни влакна, овозможува добра работа на цревниот систем, добра состојба на бактериската флора, спречува запек и цревни пореметувања, кои сите заедно благотворно делуваат на имунитетот.

Го регулира крвниот притисок

Печените костени содржат многу малку натриум, но се богати со калиум, па затоа се сметаат за корисни за лицата со хипертензија. Тоа се должи на фактот што има изразено диуретично дејство и придонесува за излачување на течности кај луѓето кои страдаат од задржување на водата во организмот.

Го испушта вишокот вода

Костенот има способност да ја исфрли водата од телото, а со тоа помага при проблеми со бубрезите и желудникот. Ќе помогне во циркулацијата и протокот на храната низ цревата, како и водата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk