logo
logo
logo

Златни трикови: Како да подготвите највкусни американски палачинки?

Vecer | 22.08.2021

Златни трикови: Како да подготвите највкусни американски палачинки?

Сo помош на овие три трика вашите американски палачинки секогаш ќе бидат совршено меки, воздушести и неодоливо слатки.

Користете свежо прашок за печиво

При подготовка на смесата проверете го рокот на траење на прашокот за печиво и секогаш користете нова, неотворена ќесичка. Ако користите отворено или старо печиво, вашите палачинки нема да бидат меки и прозрачни, туку нивната текстура ќе биде густа, а при печење нема да се крене.

При печење бришете ја тавата

За да секогаш уживате во свежите и вкусни палачинки без горчлив вкус, задолжително пребришете ја тавата. Поради печењето на путер, смесата по секоја испечена палачинка остава трага во вид на ситни црни трошки. Испечете прво три палачинки, тавата избришете ја со хартиена салфета па додајте нов путер и продолжете со печење. Постапката повторувајте ја додека ја потрошите смесата.

Грутчињата не се толку лоши

Внимавајте смесата да не ја матите предолго. Имено, поради тоа ќе добиете гуменести палачинки. Ако по миксирањето сите состојки се добро соединети и остане некое грутче – не грижете се. Тие нема да ги нарушат вкусот на палачинките, а ќе се спасите од еластичната структура.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk