Здрави додатоци во исхраната

Храната е и отров и лек, а само повременото внесување на некои намирници може значително да го подобри квалитетот на нашиот живот.

Црвена толчена пиперка
Зачинете ги своите оброци со црвена толчена пиперка која го забрзува метаболизмот, така ги согорува маснотиите и овозможува телото побргу да ги преработува мастите. Додајте црвен пипер како додаток во пилешката маринада и на тој начин дајте им ги на мускулите потребните протеини.

Кељ
Ако барате начин да го смените вкусот на салатата додајте лиснат зелен кељ. Еден филџан сиров кељ може да ви пружи 206% од дневната потреба од витамини и 134% од потребниот витамин Ц. Помешајте го со маслиново масло и лимонов сок кој ќе го омекне, потоа додајте исушено овошје. Кељот е одличен избор за здрав оброк.

Семе од жалфија
Семето на жалфијата содржи здрави маснотии и е одличен извор на омега 3 масните киселини. Помага при контролирањето на притисокот, го подобрува расположението, здраво е за срцето и го намалува холестеролот. Додајте го семето во овесна каша или било кој пченичен производ и изедете го со јогурт кој содржи помалку маснотии.

Ореви
Оревите се богати со влакна, магнезиум и антиоксиданси како што е витаминот Е. Го подобрува протокот на крвта и помага кај нискиот притисок. Може да се додадат во салата и во овесна каша.

Путер од бадеми
Путерот од бадеми е полн со здрави масти и протеини. Ако сакате путер без дополнителен шеќер и конзерванси ова е вистинскиот избор. Тој е одличен додаток при подготвување на сендвичи, а може да биде и вкусен со парче јаболко како и со крекери.

Поврзани

Најнови вести

Коментари