logo
logo
logo

ЗДРАВ ПОЈАДОК: Проја

Vecer | 15.07.2022

ЗДРАВ ПОЈАДОК: Проја

Мошне едноставен рецепт за здрав појадок, кој ќе го обожава целото семејство.

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • чаша (од 2 дл) пченкарно брашно
  • чаша (од 2 дл) пченично брашно
  • лажичка прашок за печиво
  • малку сол (на врвот од нож)
  • 1/2 чаша (од 2 дл) масло
  • 1,5 чаша јогурт
  • 200 г фета сирење

Начин на приготвување: Јајцата се матат, се додава маслото и јогуртот, се меша, па се додава пченкарното и пченичното брашно измешани со прашокот за печиво и солта. Соединете ја смесата, а потоа издробете го сирењето и сè изматете со миксер. Истурете во калапи за проја до 2/3 од висината и печете во загреана рерна на 200 степени околу 25-30 минути.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk