logo
logo
logo

Здрав намаз од МОДАР ПАТЛИЏАН!

Vecer | 21.03.2022

Здрав намаз од МОДАР ПАТЛИЏАН!

Потребни состојки:

  • 900 г модар патлиџан
  • 2 големи чешниња лук
  • 2 лажици маслиново масло
  • 3-4 лажици тахини (паста од сусам)
  • 2-3 лажици сок од лимон
  • по вкус сол
  • бибер
  • 1 китка магдонос
  • 100 г леблебија

Начин на приготвување: Измијте го патлиџанот и ставете го во рерна да се пече. Кога е готов, завиткајте го во фолија и оставете го малку да се излади, за подобро лупење. Леблебијата се остава да отстои во вода преку ноќ, следниот ден водата се истура, ставете нова и ставете ја на шпорет да се вари. Кога модриот патлиџан ќе омекне, излупете го, исечкајте го и ставете го во блендер со сварената леблебија да се соедини во компактна смеса. Префрлете во подлабок сад, па додадете ја тахини пастата, сечканиот лук и магдоносот, солта, црниот пипер, маслиновото масло и сокот од лимон. Сето добро промешајте за убаво да се соединат сите состојки, па послужете.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk