logo
logo
logo

Здрав леб! Можете да го јадете и кога сакате да слабеете

Vecer | 27.10.2021

Здрав леб! Можете да го јадете и кога сакате да слабеете

Нискокалоричниот леб е идеален избор ако сте на диета, а најдобро и највкусно е кога сами ќе го направите. Вака подготвениот леб има малку јаглехидрати, но содржи совршен микс од протеини и влакна.

Потребни состојки:

  • 1 ½ шолја ленено брашно
  • ½ шолја овесно брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка мед или 5-10 капки стевиа
  • 3 јајца
  • 4 белки
  • ½ шолја вода
  • 1/3 шолја масло

Начин на приготвување: Во сад добро промешајте ги сите суви состојки. Додадете ги течностите и мешајте додека не добиете мазно и меко тесто. Moже да проросите и семки по желба. Оставете го да отстои неколку минути, а во меѓувреме загрејте ја рерната на 180 степени. Печете го лепчето околу 30 минути, односно додека не добие златнокафеава боја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk