Брз и здрав појадок што може да се подготви дома и да се однесе на работа. И да, за сите оние кои велат дека немаат врме да приготват нешто здраво и наместо да засукаат ракави, влегуваат во првата пекарница.

Потребни состојки:

– јајца (количина по желба и потреба)
– спанаќ (количина по желба и потреба)
– сладок компир – батат (рендан)
– сол и црн пипер
– куркума
– кисела павлака
– маст

Начин на приготвување: На врела маснотија пропржете го ренданиот сладок компир. Додека се пржи слаткиот компир, изматете ги јајцата во кои сте додале павлака, зачини и спанаќ. Истурете сè на тавата врз слатките компири и мешајте 2 минути. Послужете топло.