Здрав и диетален: Хроно леб со 3 вида на брашно

Потребно ви е 300гр пченично интегрално брашно ,150гр јачменово интегрално брашно, 50гр  интегрално брашно од хељда, 450мл вода, 3 лажици маслиново масло, 1 лажиче сол, 1 пециво
1/2 лажиче сода бикарбона. 

Се мешаат во длабок сад  солта, маслото, водата, и трите вида на брашно. Со миксер се соединува смесата. Го покриваме садот и оставме да стои 6 часа. Потоа се додаваат содата и пецивото и пак се заедно се соединува. На крај се додава лимоновиот сок .

Вака добиеното тесто се распоредува во мала ростер тава, обложена со хартија.  тестото се наросува со сусам. Се пече 30 минути на 200 степени.

Испечениот леб се остава на решетка потполно да се излади, па се сече на парчиња.

 

Извор:Мои рецепти

Поврзани

Најнови вести

Коментари