Во време на строги пости, македонските маркети мрсното го продаваат како посно

Маркетите продаваат „посни" производи што содржат казеин и сурутка во прав. Потрошувачите не знаат дека овие две компоненти имаат животинско потекло и дека се, практично, измамени.

За време на Божикниот пост под ознака „посно" на рафтовите се нуди храна што содржи млеко, желатин од животинско потекло, свинска маст и други мрсни состојки.

Според стручњаците, за посни производи се сметаат тие во кои млечните масти се заменети со растителни, но токму тука е манипулацијата.

– Производите што содржат казеин или сурутка (во прав) воопшто не се посни бидејќи потеклото на овие две компоненти е животинско. Точно дека од млекото се одделува млечната маст и таа се заменува со растителна, но казеинот останува, и затоа производот не може и не треба да се декларира како растителен, уште помалку како посен. Слично е и со сурутката – објаснуваат експертите.

Сурутката е исклучително здрава, има висока хранлива вредност, ја забрзува дигестијата, ама е со животинско потекло.

Се апелира потрошувачите повеќе да внимаваат при купувањето и секогаш да ги читаат декларациите.

Тие што постат треба да се информираат и за храната што ја консумираат во рестораните и сендвичарите, а се нуди како посна имајќи предвид дека може да биде подготвена на места и во садови во кои се готват и продукти од животинско потекло.

извор sitel.com.mk

Најнови вести

Коментари