logo
logo
logo

ВКУСЕН ПОСЕН РУЧЕК: Брзо се прави, а на сите ќе им се допадне

Vecer | 27.02.2023

ВКУСЕН ПОСЕН РУЧЕК: Брзо се прави, а на сите ќе им се допадне

Велигденските пости почнаа, а православните верници овој период треба да внимаваат на исхраната. Иако е многу вкусна, понекогаш е многу тешко да се смислите соодветни оброци за секој ден, затоа ви носиме брз и вкусен рецепт кој може да се послужи и за ручек и вечера.

Потребни состојки:

250 г чери-домати

1 главица кромид

2 чешниња лук

1 лута црвена пиперка

1 конзерва туна во масло

1/2 китка магдонос

400 г тестенини без јајца

3 супени лажици маслиново масло

сол, бибер

Начин на приготвување: Излупете ги и исечкајте кромидот и лукот, а мини доматите измијте ги и исечете ги на половина. Исчистете ја, измијте и исечкајте ја пиперката на коцки. Исцедете ја и исечкајте ја туната, а магдоносот исплакнете и исечкајте го. Гответе ги тестенините во многу солена вода до ал денте. Загрејте го маслото во тава и пропржете ги кромидот и лукот. Додадете ги доматите, туната и биберот и кратко продинстајте ги заедно со кромидот и лукот. Исцедете ги шпагетите, измешајте со магдонос и сос. Додадете сол и бибер по вкус.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk