logo
logo
logo

Вкусен намаз од леќа и тиквички

Vecer | 21.04.2021

Вкусен намаз од леќа и тиквички

Потребни состојки:

- 100 г леќа

- 500 г тиквички

- 2 лажички зачин

- 2 чешниња лук

- 100 мл маслиново масло

- 1 лимон

- 1 китка власец

- сол

- бибер

Начин на приготвување: Леќата сварете ја во солена вода и потоа исцедете ја. Тиквичките исечете ги на тркалца и малку пропржете ги. Пред крај додадете го исечканиот лук и оставете малку да се излади. Леќата и тиквичките иситнете ги во блендер и постепено додавајте маслиново масло и лимонов сок. На крај додадете ги власецот, сол и бибер. Изладениот намаз послужете го на препречени кришки леб и по желба со малку сирење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk