Без масло, без брашно и полн со витамини! Овој потаж се подготвува многу лесно, а ќе го засака целото семејство.

Потребни состојки: 

  • 1 целер
  • 2 поголеми моркова
  • 4 компири
  • ловоров лист
  • копар
  • магоднос
  • бибер
  • сол
  • сув зачин

Начин на приготвување: Прво треба да го измиете и исчистите зеленчукот. Потоа исечете го на помали парчиња и додајте го во тавата (и ловоровиот лист, исто така) во која ќе го готвите потажот. Водата треба да зоврие. Кога водата ќе зоврие, варете го зеленчукот додека не омекне, а потоа тргнете го од оган и исечкајте го со рачен блендер. Потоа се враќа на оган да се вари и се додаваат зачините, односно копарот, магдоносот, биберот, сувиот зачин и солта.