Вегетаријански "ќерамиди" во тава

“Тајната“ е во начинот на редење на продуктите

"Ќерамиди" во тава е само начин како да ја измениме визуелната престава на јадење кое многупати е подготвувано само во поинаква варијанта.

Продуктите се познати ни останува само да ги надредиме едно врз друго во коса положба која не само е интересна како идеа туку и едноставна кога се сервира.

Количината се одредува идивидуално, во зависност колкумина ќе се најдат на трпезата.

Продукти: Домати. пиперки, модер патлиџа или тиквичка, 3-4 јајаца, млеко или кисело млеко, малку лук, а по желба пикантно луто, и павлака (ако имате)

Подготовка:

Доматите, питерките (семето да се исчисти), модриот патлиџан или тиквичката, се сечат малку подебели од вообичаено во кругови.

Во подмачкана тава со масло се редат така што првата се потпира на страничниот дел на тавата со што следните ќе бидат поисправени и ќе бидат косо постевени една врз друга и секако секое следно парче да биде наизменечно редено од наведените подукти.

Се попрскуваат со зејтин малку сол бибер по желба и пикантен црвен пиперили лута пиперка, врз нив може да се стави павлака во вид на "мрежа" се залеваат со изматените јајца со млеко или кисело млеко се печат на 180 степени 30-35 минути

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари