logo
logo
logo

Универзално тесто за кифлички, кроасани, тортиљи...

Vecer | 31.05.2022

Универзално тесто за кифлички, кроасани, тортиљи...

Лудо тесто

Најважно кога подготвувате леб, кифлички, тесто за пица или леб е тестото добро да се направи. Ова тесто е лесно за месење, потребни ви се состојки од она што веројатно веќе го имате во вашата кујна и што е најважно, секој пат успева. Можете да го чувате во фрижидер, во кеса и да го користите кога ви треба.

Потребни состојки:

  • килограм брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 1 лажица сол
  • 100 мл масло
  • 400 мл јогурт
  • 25о мл млеко
  • 1 свеж квасец
  • 2 супени лажици шеќер
  • 2 јајца

Начин на приготвување: Како и при подготовката на другите теста, ставете топло млеко во кое ќе додадете малку шеќер, квасец, 2 лажици брашно. Малку измешајте да се растопи шеќерот за побрзо да нарасне квасецот. Пожелно е да се одржува топла спросторијата за побрзо да се постигне саканата реакција. Во друг сад измешајте ги останатите состојки. Кога квасецот ќе нарасне доволно, истурете го во средината на брашното. Замесете тесто да биде мазно. Ако ви се лепи за раце додадете уште малку брашно.

 

testo

 

Најдете една кеса и ставете го тестото во неа. Можете малку да го намрсите или да го набрашните да не се залепи. Важно е да го исцедите целиот воздух од кесата, а потоа тестото да го ставите во фрижидер каде што можете да го чувате до 7 дена. Тестото пред месење треба да се остави на топло место најмалку еден час, а колку подолго толку подобро. Од овој тест можете да направите подлога за пица, слатки и солени кифлички, лепчиња, мини пици, но и се друго што ќе ви падне на памет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk