Трик да направите најубави палачинки...

Палачинките се омилено јадење кај многумина, но на домаќинки не секогаш им успева да направат добро тесто за овој деликатес.

Еве еден готварски трик, со кој се служат слаткарите, тестото за палачинките ги прави меки, слатки и воздушести.

Во рецептот кои го подготвуваат слаткарите прво што е потребно јајцата да бидат свежи. Потоа кога ќе се скрши јајцето, белката се двои од жолчката. Жолчката се мати со млекото, во друг сад се става брашно, малку сол во него, се мешаат заедно додека не се изедначат. На самиот крај се додава белката која предходно е малку разбиена, со што тестото добива воздушеста форма и мекост.

Вака подготвеното тесто освен што станува воздушесто, подготвување на овој начин на палачинки тестото станува поретко.

Оставете да отстои околу пет минути и палачинките се подготвени за печење.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари