Традиционален грчки пастицио:

Состојки:

Едно пакување пене паста (400 гр. макарони),100 гр. рендан кашкавал, 300 гр. мелено месо, 1 конзерва сецкан домат, 1 главица кромид, 2 чешниња сецкан лук, 1 ловоров лист, 2 лажичиња оригано, 200 грама млеко, 1/4 шоља брашно, 30 гр. путер, сол и мелен црн вибер

Подготовка:

Се пржи кромидот и лукот, се додава меленото месо, се пржат. Се додава доматот и зачините, сето тоа се динста околу 5 минути.
Пред тоа се вари паста пена (макарони)

Се цедат и се стават во подмачан огноотпорен сад, со тоа што се редат ред макатони, ред сосот од месо. Последен ред да бидат макароните.

Бешамел сос подготовка: се топи путерот (или масло), се додава брашното. Се пржи на ниска температура да не заготри. Се додава по малку млеко да не се згрутчи брашното. Се меша постојано, се додава сол и бибер. Кога доволно ќе се згусне се става врз макароните добро распореден. Врз бешамелот се посипува рендан кашкавал.

Вака подготвена, пастата се става во загреана рерна и се пече околу 20 минути, додека не заруменета кора.

Се служи со цацикли салата, со ситно сецкана краставица, две чешниња лук, јогурт, сол сето тоа заедно изменани.

Најнови вести

Коментари