Безглутенска торта од чоколадо и портокал

Состојки за бисквит:

4 јајца
240 гр шеќер
200 гр чоколадо од портокал
200 гр путер
100 гр мелени бадеми
50 гр густин

Состојки за премачкување:

мармалад од портокал
изматена слатка павлака

Подготовка:

Чоколадото и путерот растопете ги и оставете ја смесата малку да се излади. Измешајте ги јајцата со шеќерот пенасто, а потоа додадете ги чоколадото и путерот, бадемите и густинот. Смесата истурете ја во калап обложен со мрсна хартија и печете на 200 степени 20 до 25 минути. Намачкајте ја тортата со мармалад и на крајот послужете со обилен слој шлаг или слатка павлака, по желба.