logo
logo
logo

Видео

ТИТОВ КОЛАЧ: Го обожаваше цела Југославија, а еве и зошто

Vecer | 29.08.2022

ТИТОВ КОЛАЧ: Го обожаваше цела Југославија, а еве и зошто

 

емаста торта по стар рецепт. Беше незаменлив дел од трпезата во Југославија, а беше и еден од омилените колачи на Тито, по што и го доби името.

Потребни состојки:

За бисквитот:

  • 4 јајца
  • 200 г шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 100 г мелени ореви или лешници
  • 5 лажици сварено црно кафе - ладно
  • 5 полни лажици брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 3 лажици масло

За првиот фил:

  • 400 мл млеко
  • 5 полни лажици брашно
  • 2 жолчки

За вториот фил:

  • 200 г маргарин
  • 10 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 100 г стопено чоколадо
  • 3 лажици ореви

Titov kolač

Начин на приготвување:

Бисквитот: Одделете ги белките од жолчките, а потоа изматете ги белките во цврст „снег“. Во жолчките додадете шеќер, па изматете. Во смесата со жолчките додадете го маслото, изладеното сварено кафе, брашното, прашокот за печиво и оревите и мешајте сè додека не се соедини. На крајот додадете ги и белките. Изматениот бисквит печете го на 180 степени околу 30 минути.

Прв фил: Во млекото додадете ги жолчките и брашното и изматете со миксер. Потоа ставете го на шпорет малку да зоврие за да направите пудинг.

Втор фил: Растопете го чоколадото и додадете маргарин. Потоа додадете ги шеќерот, ванилиниот шеќер и оревите и сè заедно измешајте.

* Убаво соединете ги двата фила. Врз кората намачкајте богат фил, па посипете со мелени ореви и чоколадо.

На здравје!

<

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk