Тиквички со бело месо и моцарела – СОВРШЕН летен ручек

Тиквичките полнети со бело месо се идеално решение за овие топли денови кога не сакате да поминувате многу време во кујната, а ви треба убав ручек.
Не станува збор за класичен фил со бело месо, туку специјална смеса со два вида сирење, па ќе имате нов омилен специјалитет за семејството.
Потребни состојки:
- 3 тиквици
- 300 г пилешко филе
- 20 мл масло
- 2 јајца
- 100 г кисела павлака
- 50 г тврдо сирење
- 50 г моцарела
- 70 г колбаси
Начин на приготвување: Тиквичките исечкајте ги по должина и издлабете ги. Белото месо исечкајте го на ситни парчиња и зачинете, додадете масло и сето тоа измешајте. Изматете ги јајцата и павлаката, додадете зачини и измешајте ги со месото. Во смесата додајте рендано сирење и издлабениот дел од тиквичките и повторно убаво измешајте. Наредените тиквички во тавата наполнете ги со смесата и посипете ги со рендана моцарела, а на површината наредете ги колбасите, по желба можете да ги исечете на прстени. Се пече на 180 степени околу половина час.