logo
logo
logo

ТАЈНАТА НА ВРВНО КРЕМАСТО ПИРЕ СПОРЕД НАЈДОБРИОТ РЕЦЕПТ НА ГОВАЧИ: Ви го откриваме трикот кој се користи во најпрестижните ресторани!

Vecer | 05.06.2023

ТАЈНАТА НА ВРВНО КРЕМАСТО ПИРЕ СПОРЕД НАЈДОБРИОТ РЕЦЕПТ НА ГОВАЧИ: Ви го откриваме трикот кој се користи во најпрестижните ресторани!

Од состојките потребно е да користите само компири, млеко, путер и малку морска сол, а тајната е во начинот на подготовка.

Пирето е омилен додаток на многу јадења и може да се комбинира со месо, чорба, ќофтиња... Сепак, повеќето домаќинки имаат проблем како да направат кремасто пире од компири. Тој проблем го реши врвниот австралиски готвач Морган Хипворт, кој откри генијален трик како вашето пире да биде секогаш супер кремасто и вкусно.

Според него, тајната е во подготовката на пирето, а ги користел состојките кои вообичаено ги користат сите домаќинки, а тоа се компири, путер, млеко и малку морска сол. Ова е неговиот рецепт, а вака приготвеното пире од компири секогаш ќе биде совршено кремасто и вкусно, буквално ќе се топи во уста, па пробајте го.

https://www.tiktok.com/@morgan/video/6886338362811157762

Компоненти:

  • 500 гр компири
  • 100 гр путер
  • 100 мл млеко
  • морска сол

Подготовка:

Компирите исчистете ги и исечете ги на крупни парчиња, па сварете ги во тенџере со малку морска сол. Компирите исцедете ги и изгмечете ги додека целосно не омекнат. Вратете го на тивок оган и мешајте пет минути додека не се распаднат сите грутки.

Во друг сад истурете го млекото и оставете да зоврие и додадете го путерот да се растопи. Полека истурете ја мешавината во компирот и мешајте додека пирето не стане лесно и поматено. Посолете ако е потребно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk