logo
logo
logo

СВЕКРВИНО ОКО - бомбици со вишни

Vecer | 02.10.2021

СВЕКРВИНО ОКО - бомбици со вишни

За само неколку минути, кога ќе ги соедините сите состојки, ќе имате благо кое е вистинско задоволство додека се конзумира

Состојки:

200 гр. мелени ореви

300 гр. шеќер

1 лажица џем

3 штангли стопено чоколадо

50 гр. рапутер или маргарин

вишни

црно кафе

Подготовка:

Прво се вари кафето и се остава талогот да спадне додека се подготвуваат останатите состојки.

Во еден сад се мешат оревите, шеќерот, џемот и путерот. Кога ќе се соединат, се додава стопеното чоколадо, а потоа сето тоа се меша со кафето.

Правите бомбици од оваа смеса притоа се прави вдлабочување во смесата за да се стави вишната во нив.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk