logo
logo
logo

Сте пробале ли Кука Пака?!

Vecer | 29.04.2021

Сте пробале ли Кука Пака?!

Кука Пака е афрички специјалитет мошне популарен во Кенија, Танзанија и Уганда, а кој го освои целиот свет.

Егзотичното име не ни открива ништо, но всушност станува збор за рецепт за превкусно печено пилешко месо во кремаст сос од кокосово млеко и мирисни зачини.

Она што треба да знаете е дека Куку Пака се служи со рижото, а пилешкото месо традиционално се пече на скара, но ќе заврши работа и тава или рерна. Откако ќе го подготвите месото го додавате во фин ароматизиран сос од кари и кокосово млеко.

Користете го оној дел од пилешкото месо кое вам ви е омилено.

Доколку сте гурман и сакате да експериментирате со различни вкусови тогаш нема да се покаете доколку го пробате овој рецепт кој всушност е лесен за припремање и не одзема многу време во кујната.

Совет: Ако сепак ви се премногу интензивни вкусовите можете да го замените кокосовото млеко со обично, па така да го неутрализирате.

Состојки:

1 кг пилешко месо

3 чешниња лук

2 лимони

2 лажички сол

¼ лажичка чили во прав

¼  филџан листови од коријандер

1 главица кромид

1 домат

1 чили пиперче

2 лажици маслиново масло

¼ лажичка мелен коријандер

¼ лажичка кумин

¼ лажичка куркума

400 мл незасладено кокосово млеко

2 лажици полномасна павлака

Сол

Рижото (Basmati)

Припрема:

  1. Исецкајте го лукот и додајте го сокот од лимонот, половина лажичка сол и четвртина лажичка чили и втријте го во пилешкото месо. Префрлете го во сад и оставете го половина час да отстои за да се маринира.
  2. Во меѓувреме направете ја базата за кари сос. Грубo исецкајте го кромидот, лутото пиперче (чили), доматот и листовите коријандер. Убаво измиксајте додека не добиете мазна смеса.
  3. Загрејте маслиново масло во голема тава или лонец па додајте ги мелениот коријандер, куминот и куркумата и мешајте околу 1 минута. Додадете го измиксаниот зеленчук и посолете. Мешајте додека да се соединат зачините и зеленчукот и гответе го околу 15 – 20 минути повремено мешајќи додека не добиете густа смеса како паста.
  4. Тавата обложете ја со хартија за печење и распоредете го пилешкото месо. Печете околу 20 минути на 180 степени Целзиусови (или пак испечето го на скара).
  5. Протресете го кокосовото млеко па додадете го во кари сосот и промешајте додeкa не се соединат. Гответе на тивок оган додека не се згусне 5 до 10 минути. Паралелно ставете да се подготвува и рижотото (онака како што вие си го сакате).
  6. Кога ќе се испече пилешкото месо заедно со сафтот од печењето додадете го во кари сосот и крчкајте на тивок оган, непрестано мешајки. Потоа додадете ја павлаката.
  7. Послужете со рижото.

На здравје!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk