СТАПЧИЊА ОД КОМПИРИ КОИ СЕ ТОПАТ ВО УСТА! Потребни се само неколку состојки, а ваше семејство и гостите ќе уживаат!

Вкусните стапчиња од компир се многу вкусно јадење кое лесно се подготвува. Лесно се комбинираат со сите јадења и ги обожаваат припадниците на сите генерации.
Ако сакате храна со интензивен вкус, ова е вистинскиот оброк за вас.
Состојки:
- 3 големи компири (околу килограм)
- една црвена пиперка
- лажица сол
- чаша пченкарен скроб
- 80 грама чедар сирење
- масло за пржење
Подготовка:
Излупете три компири, добро измијте ги и исечете ги на подебели прстени, па на половина. Ставете ги во вода да се варат и додадете една лажица сол. Кога добро ќе се сварат оставете ги уште 15 минути да омекнат, а потоа добро процедете ги. Земете една лажица и испасирајте ги компирите да бидат како пире, без грутчиња. Од другата страна ситно исечкајте ја црвената пиперка што поситно и додадете ја во компирот. Земете го чедар сирењето и изрендајте го, а потоа соединете го со пирето и пиперката.
Во смесата додајте пченкарен скроб и малку сол и месете го тестото додека не стане мазно. Кога ќе го замесите тестото, истурете малку пченкарен скроб на работната површина каде што треба да се витка тестото и убаво обликувајте го во правоаголна форма, па пресечете го на половина. Земете една половина и лесно превртете ја со сукало за да го истегнете тестото, а кога ќе добие облик на поголем квадрат, израмнете ги неговите рабови со нож за да бидат поодредени. Потоа пресечете го на половина, а потоа на правоаголни стапчиња. Направете го истото со другата половина од тестото и префрлете ги стапчињата во плехот. Загрејте го маслото на оган каде полека ќе ги ставате стапчињата од компир да се пржат. Готови се кога ќе поруменат и ќе станат крцкави.