logo
logo
logo

Совршена КАЈГАНА - совети на Гордон Ремзи

Vecer | 16.04.2022

Совршена КАЈГАНА - совети на Гордон Ремзи

Нема мудрост во подготовката на изматените јајца - ќе помислат многумина.

Но, грешат, совршените изматени јајца (кајгана) не се толку лесно за правење како што изгледа на прв поглед. Еден од најпознатите светски готвачи, Гордон Ремзи, објасни на што треба да внимаваме.

Грешка број 1

Според Ремзи, првата грешка што ја правиме е зачинување на јајцата пред да ги ставиме во тавата. Кога го правиме тоа, добиваме воден оброк, бидејќи јајцата се кршат во текструрата и ја губат густината.

Грешка број 2

Друга грешка е изматувањето на јајцата пред да ги ставиме на оган. Матењето, како зачините, ги крши и јајцата. Само кога јајцата се во тавата, на оган, треба да се мешаат, без пауза, како рижото, советува Ремзи.

Тајната состојка

Еден од триковите за добри изматени јајца е промената на температурата. Тавата треба да се тргне од оган, па да се врати, па повторно да се отстрани. Така ќе добиете воздушеста, кремаста и многу вкусни матени јајца, ветува готвачот.

Додадете сол и бибер на самиот крај, неколку моменти пред да ја тргнете тавата од оган.

Ремзи има и тајна состојка - лажичка павлака, за која вели дека овој дневен оброк го подига на повисоко ниво.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk