logo
logo
logo

Совршен десерт за пеколново време: СЛАДОЛЕД ТОРТА, готова е за еден момент

Vecer | 25.06.2021

Совршен десерт за пеколново време: СЛАДОЛЕД ТОРТА, готова е за еден момент

Оваа торта е толку лесна и брза за правење што ќе ја правите цело лето. Се подготвува од два крема - ванила и чоколадо, а бисквитите се ставаат за основата како во чизкејкот.

Состојки:

- 170 гр чоколаденбисквит

- 50 гр путер

- 100 гр црно чоколадо

- 500 гр шлаг крем

- малку арома на ванила

- 200 гр кондензирано млеко

- 2 лажици какао

Подготовка:

Иситнете ги бисквитите во блендер и измешајте ги во сад со стопен путер и лажица крем. Промешајте и притиснете во садот за торта, како да правите чизкејк

Потоа растопете го црното чоколадо со 100 гр крем во микробранова печка. Во друг сад, измиксајте го остатокот од кремот со ванилата и додадете го кондензирано млеко. Одделете го кремот на два дела и измешајте го какаото во едниот дел.

На крај, ставете ги двата крема на бисквитната подлога како што е прикажано на видеото. Измазнете ја површината на тортата и премачкајте со растопено чоколадо. Ставете ја во замрзнувач неколку часа, и извадете го 20 минути пред да го сервирате.

Погледнете како да ја направите оваа торта со сладолед на видеото:

[embed]https://youtu.be/gO68nxk67qk[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk