Потребни состојки:

• 350 г брашно
• 100 г кисело млеко
• 1 лажиче прашок за печиво
• 100 мл минерална вода
• сол

Начин на приготвување: Во широк сад брашното измешајте го со печивото, додадете го киселото млеко, киселата вода и солта, и замесете меко тесто. Се меси подолго за тестото да биде мазно додавајќи брашно. Формирајте мало раширено сомунче во плех број 22 см.

Премачкајте го тестото со млеко, па со виљушка избодете го.

Тестото да отстои додека се загрева рерната на 220 степени. Се пече додека не порумени.