logo
logo
logo

Сочни „КРИШКИ“ од рерна

Vecer | 10.01.2022

Сочни „КРИШКИ“ од рерна

Ако пржените лепчиња со јајце ви се омилени, а ги одбегнувате затоа што за нивното приготвување е потребно поголемо количество зејтин, овој рецепт дефинитивно  ќе ви се допадне. Не ви треба ни премногу време ни премногу состојки, а вкусот е неверојатен.

Потребни состојки:

  • 3 јајца
  • 10 парчиња леб
  • 9 лажици млеко
  • 5 лажици масло  + за премачкување
  • малку сол

Начин на приготвување: Во длабок сад изматете ги јајцата, па додајте го млекото и петте лажици масло. Посолете и сè добро измешајте. Потопете ги кришките леб една по една и редете во плех, па оставете да отстојат десетина минути. Потоа наредете на плех обложен со хартија за печење. Со помош на четка, со маслото за јадење намачкајте ги парчињата одозгора. Печете околу дваесет минути во рерна претходно загреана на 200 степени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk