Сочни и вкусни: Бабини кременадли...

Состојки:

3 кременадли
2 лажици брашно
2 лажици кисела павлака
4 чешниња лук
сол и зачин

Подготовка:

Кременадлите се толчат и посолуват. Се ставаат во тава, се додава малку вода и масло и се динстаат на тивок огон околу 30 минути. Кога водата ќе испари потпечете ги да добијат румена боја.

Извадете ги кременадлите, масното во тавата претурете го во друг сад и во него него додадете ја павлаката, малку вода и добро изедначете ја масата.

Во тавата каде што се пржеа кременадлите ставете 50 гр. масло, пропржете го брашното, додадете сецкан лук и него пропржете го. На крај додадете ја павлаката, додадете уште малку вода и направете поредок сос.

Малку нека проврие па ставете ги кременадлите. Додадете сол по вкус, зачини и мелен бибер.

 

Најнови вести

Коментари