logo
logo
logo

Слатки кифлички со фил по желба

Vecer | 03.09.2021

Слатки кифлички со фил по желба

Овие слатки кифлички се полнети со пудинг од ванила, но содржината зависи од вашиот вкус. Буквално може да уотребите крем, џем...

Потребни состојки:

  • 1 кг брашно
  • 50 г свеж квасец
  • 5 лажици шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 350 мл млеко
  • 250 г путер
  • 2 пудинзи од ванила
  • 1 јајце

Начин на приготвување: Од наведените состојки замесете тесто. Оставете го да одмори 15 минути, а потоа поделете го на помали топчиња од по отприлика 100 грама. Оставете ги топчињата да нараснат, некаде околу 20 минути. Од нив расукајте кора и формирајте ги кифличките (наш предлог кората исечете ја на 4 или 8 триаголници од кои потоа ќе ги формирате кифличките). Одозгора премачкајте ги со јајце и печете 40 минути на 170 степени.

Начин на приготвување на филот: Сварете го пудингот според упатствата од кесичката. Кога кифличките се готови и оладени, секоја од нив благо се расекува и се полни со крем од ванила.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk