logo
logo
logo

Слатка пролет: Пудинг од ориз со јагоди

Vecer | 25.03.2023

Слатка пролет: Пудинг од ориз со јагоди

Во принцип, не постои дефинитивен рецепт за овој едноставен десерт и сето тоа е прашање на личен вкус. Денес за вас имаме пудинг од ориз со свежи јагоди, а можете да го подготвите со кое било друго овошје и да ги додадете вашите омилени зачини. Овој пудинг можете да го јадете и разладен, а одличен е и како топол десерт.

Состојки:

50 гр ориз со тркалезно зрно

500 мл млеко

1 јајце

40 гр шеќер

1 лажичка екстракт од ванила

½ лажичка цимет

прстофат сол

150 гр јагоди исечени на четвртинки

150 гр замрзнати јагоди за пире

Постапка: Во сад за готвење ставете ориз, млеко и прстофат сол. Варете сè на силен оган додека не зоврие. Кога оризот ќе зоврие, намалете го огнот и оставете го полека да се вари 15-20 минути, додека оризот не омекне. Во посебен сад изматете ги јајцето, шеќерот, ванилата и циметот. Додадете малку топол ориз и млеко за да ја смирите смесата. Добро измешајте. Постепено додавајте ја смесата во оризот со постојано мешање. Гответе уште 5 минути.

Во чашите во кои ќе го послужите десертот истурете го уште топлиот ориз. Подгответе едноставно пире без додаден шеќер со блендирање на замрзнати јагоди во блендер. Во чаша со пудингот од ориз додете една лажица пире и неколку парчиња јагода.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk