Ледена бомбона од бисквити и сладолед која ќе ве воодушеви.

Состојки:

Карамела:

200 мл слатка павлака

400 мл незасладено кондензирано млеко

1 лажица путер

4 лажици шеќер

5 лажици какао

Друго:

400 гр наполитанки од лешник

2 литри сладолед од ванила

Подготовка:

Карамела: Слатка павлака, кондензирано млеко, путер, шеќер и какао. Ставете на тивок оган и варете околу 30 минути со повремено мешање, треба малку да згусне. Оставете да се излади.

Здробете ги наполитанките. Извадете го сладоледот од замрзнувач да се загрее малку. Обложете го калап за торта или сад за печење со проѕирна фолија. На дното на калапот ставете две третини од распарчените наполитанки. Прелијте ги со две третини од карамелот. Одозгора ставете две третини од сладоледот. Порамнете.

Ставете го преостанатиот бисквит и покријте го со карамела. Одозгора ставете го остатокот од сладоледот. Тортата ставете ја во замрзнувач преку ноќ. Извадете 20 минути пред сервирање, свртете наопаку на плех и извадете ја фолијата. Исечете на кришки и послужете, а остатокот веднаш вратете го во замрзнувач.