Што треба да јадете за подобар имунитет?

За добар имунитет и добра одбрана на организмот од нештата кои можат да му наштетат неопходно е здраво да се храните. Еве што треба секојдневно да консумирате за истиот да го доведете во нормала.

Шампињони
Шампињоните, иако не се толку често спомнувани, тие се одличен извор на селен, витамини и антиоксиданси, а и се докажан зајакнувач на имуниот систем. Според лабораториските истражувања, научниците докажале дека шампињоните имаат антибактериски, антивирусен и антитуморски ефект.

Зелка
Зелката е одличен извор на витамини и антиоксиданси, но и на аминокиселината глутамин, која делува за подобрување на имуниот систем. Според експертите, салатата од мешана црвена и зелена зелка е навистина силен сојузник на имуниот систем. Доколку ваква салата консумирате секојдневно, ќе имате одличен и ефективен имун систем, советуваат експертите.

Лук
Повторно ќе го споменеме природниот антибиотик, лукот, кој има силно бактерицидно дејство кое ја напаѓа и бактеријата хеликобактер пилори која се поврзува со чир и карцином на желудникот. Лукот треба да се користи како додатно средство во подготовката на скоро секое јадење.

Чај
Било зелен или црн чај, и двата се од особена корист за организмот. Полифенолите и флавоноидите кои ги содржат се навистина корисни во борбата против многу болести. Потребни му се на организмот и на лето и во зима, на лето бидејќи ни е неопходна течност, а во зима ни го јакнат имунитетот и ни го топлат телото.

Брокула
За неа нема што веќе посебно да коментираме, многупати сме ја објаснувале нејзината лековита моќ и благодет која му го нуди на организмот. Брокулата според многумина е кралица на здравата исхрана.

 

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари