logo
logo
logo

Шпагети со сардини и песто - пролетен оброк на кој тешко му се оддолева

Vecer | 05.05.2022

Шпагети со сардини и песто - пролетен оброк на кој тешко му се оддолева

Направете лесен и вкусен оброк од шпагети

Потребни состојки:

  • пакување посни шпагети
  • две конзерви сардини
  • маслиново масло
  • две чешниња лук
  • половина главица кромид
  • децилитар бело вино
  • две лажици песто
  • оригано
  • магдонос
  • сол
  • бибер

Начин на приготвување: Шпагетите сварете ги и оставете ги на страна, но не ги цедете. На маслиново масло пропржете ситно сечкан кромид и лук, зачинете и промешајте. Додадете песто, бело вино и динстајте неколку минути.

Сардините исцедете ги од маслото и исечкајте ги. Исцедете ги шпагетите и измешајте ги со сосот. Сè убаво измешајте, истурете во сад и врз него наредете ги исечканите сардини.

Послужете додека е топло.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk