Шпагети карбонара според оригиналниот рецепт (Видео)

Познатите јадења често повлекуваат полемики околу употребата на оригиналните намирници и начинот на подготовка. Колку различни порции на прочуените шпагети карбонара, на пример, сте пробале?

Кој воопшто ги измислил шпагетите? Познато е дека кај нас зборот шпагети доаѓа од италијанскиот јазик, но спорно е како тој збор влегол во италијанскиот јазик. Етимолозите упатуваат дека

зборот шпагети има исто потекло како и зборот шпага (балетско движење), а шпага е збор кој во италијанскиот јазик влегол преку арапскиот. Легендата вели дека шпагетите ги донел во Италија Марко Поло откако се вратил од Кина во 1295 година, но и тоа е сепак само една легенда. Во 2005 година откриен е еден документ од Сицилија кој потекнува од 1180 година (значи повеќе од цел век пред доаѓањето на Марко Поло од Кина) а во документот се спомнуваат „вермичели"-те (вид на шпагети малку подебели од класичните).

Како и да е, шпагетите се денес синоним за италијанска храна, иако различни полемики се водат околу тоа кој рецепт на сос е најстариот, највистинскиот, оригиналниот. На пример, околу еден од најосновните и најстарите сосови за шпагети, таканаречен „ала путанеска", етимолозите никако не можат да се согласат. Околу сосот наречен карбонара не постои пак согласност само околу потеклото на името. Карбонара е инаку е најомилениот сос за шпагети кој не содржи домати.

Дилемите за тоа како се подготвуваат оригиналните шпагети карбонара ги решава ватеранот на италијанската гастрономија Антонио Карлучо.

Уживајте во видеото.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари