logo
logo
logo

Се прават за 10 минути: ПРОИЧКИТЕ НА БАБА за појадок

Vecer | 12.09.2022

Се прават за 10 минути: ПРОИЧКИТЕ НА БАБА за појадок

Појадокот е еден од главните оброци и затоа е многу важно да се избере она што е навистина квалитетно и хранливо. Со него го поттикнуваме метаболизмот и варењето, а она што нашите баби многу добро го знаеле е колку пченкарното брашно е корисно за нашиот организам.

Затоа често приготвувале специјалитети како пројички, а и денес често ги има на семејните трпези. Денеска ви носиме рецепт за супер вкусен појадок, кој брзо се подготвува.

Потребно е за 8 лица:

- 4 филџани пченкарно брашно

- 2 филџани бело брашно

- 2 лажички сол

- 1 кесичка прашок за печиво

- 4 јајца

- 100 мл масло

- 6 големи лажици ајвар

- 200 мл јогурт

- 400 мл млеко

 

Mafini, Omlet mafini

 

Начин на приготвување: Земете длабок сад и во него прво ставете ги јајцата и изматете ги. Потоа додадете ги останатите состојки и повторно добро измешајте со миксер. Калапот за проички намачкајте го со масло и истурете ја смесата до половина од  калапот. За време на печењето малку ќе пораснат и ќе го пополнат празниот простор. Се пече во загреана рерна на 200 C. Одозгора посипете сусам, семки од тиква и семки од сончоглед и уживајте во вкусен и здрав појадок.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk