Со оглед на тоа што повеќето луѓе водат забрзан начин на живот, ретко кој има време да подготви храна за носење пред работа. Но, што ако ви кажеме дека постои рецепт за оброк за салата кој е здрав, вкусен и брзо се подготвува. Најдоброто од се е што состојките се чуваат во тегла, па салатата можете да ја носите со себе каде било.

Потребни состојки:
– 1 домат
– 100 г конзервирана наут
– целер
– 1 мала краставица
– 150 г грчки јогурт
– 1/2 главица црвен кромид
– сол
– лажица оцет
– лажица масло
– малку сончоглед

Начин на приготвување: Ставете го грчкиот јогурт на дното од теглата. Измијте ги и исечкајте ги доматот, целерот, кромидот и краставицата. Започнете да ги ставате зеленчукот и наутот врз грчкиот јогурт. Кога ќе дојдете до крај, посипете со семки од сончоглед, прелијте со масло и оцет и посипете со сол. Кога ќе дојде време за ручек, добро измешајте ја теглата и уживајте.