Салата со авокадо и домати

Состојки:
• 2 авокада
• 2 домати
• 3 чешниња лук
• 100 гр фета сирење
• 2 мали лажици вински оцет

Приготвување:
Излупете ги авокадата, исечете ги на половини, отстранете ја семката и потоа исечете ги на мали парчиња. Доматите исечете ги на тенки кругчиња и измешајте ги со авокадото.

Исчистете го лукот и ситно исечкајте го, додека фета сирењето исечете го на коцки. Потоа, сѐ заедно промешајте со авокадото и доматите и додадете оцет.

Салатата може да биде самата по себе оброк, а одлично се комбинира и со пилешко месо.

Поврзани

Најнови вести

Коментари