Салата од октопод

СОСТОЈКИ

1 голем октопод

маслиново масло

лимонов сок

1 целер

сол, бибер

 

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА


Сварете го октоподот и оставете го да се олади во водата во која се варел, за да биде помек. Потоа, исечкајте го на парчиња.

Целерот исчистете го, измијте го и исечкајте го на мали парчиња.

Измешајте ги октоподот и целерот, прелијте ги со маслиновото масло, додадете сол и бибер, a потоа и лимоновиот сок. Доколку сакате, можете да користите вински оцет, наместо лимонов сок.

Поврзани

Најнови вести

Коментари