САЛАТА ОБРОК СО ВАРЕНИ ЈАЈЦА

Пристигна пролетта, а кога надвор времето е поубаво, сакаме храна што може брзо да се јаде. Оброк салатите се вистинското решение, а во последните години станаа многу популарни, па има безброј рецепти за нив.
Состојките можете да ги комбинирате по желба, а во некои да додадете овошје или јаткасти плодови. Тие се одлично решение кога сакате да однесете нешто на работа, но и кога Велигден е завршен и имате јајца кои немате идеа како да ги искористите.
Состојки:
- 1 краставица
- 3 јајца
- 250 гр ротквици
- кромид
- 2 лажици мајонез или павлака
Подготовка:
Сварете ги јајцата, а потоа исечете ги кога ќе се изладат. Се става во сад, па се додава сечканата краставица, ротквицата, младиот кромид и се зачинува по желба. Потоа додадете мајонез или павлака и измешајте.
Послужете.