Салата богата со пробиотици


Една од омилените велнес и фитнес инструктори на славните е Трејси Андерсон која не верува во слободни денови кога станува збор за вежбање.

„Не земам никакви суплементи. Не пијам сокови за чистење на организмот. Не држам никакви екстремни диети во име на убавината – тие работи го вознемируваат и збунуваат организмот. Верувам во добивање на корисни хранливи состојки исклучиво од здрава храна".

Една од омилените состојки која Трејси ја препорачува за во салата која и самата ја консумира е киселата зелка.

Сè што ви е потребно за да ја подготвите оваа салата полна пробиотици кои позитивно делуваат на организмот е:

1 тврдо варено јајце
Свеж зелен лисест зеленчук по избор (марула, рукола, спанаќ)
1 краставица
2 лажици сечкана кисела зелка
Морска сол
Јаболков оцет
Измешајте ги сите состојки во длабок сад и зачинете по вкус.

Поврзани

Најнови вести

Коментари