logo
logo
logo

Руската салата воопшто НЕ Е РУСКА

Vecer | 03.01.2022

Руската салата воопшто НЕ Е РУСКА

Како настанала руската салата и се за потеклото на ова јадење кое сите го обожаваме! Омилениот додаток на кифличките има една погрешна состојка.

На цел Балкан, па и во Македонија, нема прослави во зимските месеци (а богами понекогаш и во лето) без руска салата на трпезата.

Но, приказната за тоа е поголема од границите на нашата земја.

Оваа „кралица на празничната трпеза“ е популарна ширум планетата, иако под различни имиња - салата на Оливие, столичнаја, а понекогаш дури и москвска и француска...

И тогаш се прашувате - дали има врска со Русија и каква е историјата на овој специјалитет?

Ако побарате од Русите руска салата, тие најмногу ќе ве гледаат бледо.

Французите исто така.

Во Романија и Полска, некои можеби знаат за што се работи.

Меѓутоа, ако им ги броите состојките што влегуваат во ова јадење, тие ќе климнат со главата.

Зашто, салатата што ја нарекуваме руска ја има речиси во сите кујни во светот, стигнала и до Латинска Америка, но - под друго име, пишува Historical Entertainer.

Русите ја нарекуваат Оливие, понекогаш столичнаја, дури и московска.

За Французите таа е француска.

Во Чешка едноставно се нарекува салата од компири, а во Романија салата од говедско месо. И, исто како што името е различно, состојките на овој специјалитет варираат од земја до земја.

И како дошло до тоа? Има две приказни за тоа…

Наполеонова салата

По една верзија, прво ја подготвувал наполеоновиот готвач Анри Оливие.

Францускиот војсководец порано јадел брзо, па на готвачот му било важно постојано да смислува нови јадења кои „брзо“ ќе го воодушеват царот.

Така, еден ден смислил јадење што денес го нарекуваме руска салата.

Според оваа приказна, по падот на Наполеон, Оливие се преселил во рускиот двор, каде што продолжил да прави свои специјалитети, овој пат за кралското семејство.

И еден ден им ја подарил на царот и царицата својата „Наполеонова салата“.

Сите биле воодушевени, а потоа Оливие го споделил рецептот со многу свои руски колеги вработени во куќите на аристократијата.

Салатата го добила името по нејзиниот креатор во 60-тите години од 19 век во Русија - салатата на Оливие.

Нема многу информации за состојките на оваа салата. Сигурно е дека во неа имало сечкан зеленчук и месо, а најверојатно и мајонез.

[caption id="attachment_999584" align="alignnone" width="622"] Фото: приватна архива Л.Т.[/caption]

Руска „руска салата“

Друга приказна е потеклото на руската салата во Москва, во престижниот ресторан „Ермитаж“.

Во средината на 19 век, во него работел готвачот Лусиен Оливие со белгиско потекло. Еден ден направил салата која толку многу им се допаднала на гостите што станала заштитен знак на ресторанот.

Оливие го чувал рецептот строго, но она што е познато е дека оваа „руска салата“ била сосема поинаква од онаа што ја нарекуваме денес.

Имено, во неа ставил телешки јазик, кавијар, зелена салата, парчиња јастог, каперси, краставици, варени јајца, соја и сето тоа го измешал со преливот кој сам го направил и кој бил тајна.

Некаде на почетокот на 20 век, еден од помошниците на Оливие решил да го украде рецептот.

Се викал Иван Иванов и ја искористил приликата кога останал сам во кујната и се обидел да го „анализира“ преливот за салата што го правел Оливие.

После тоа, тој се преселил во конкурентен ресторан и почнал да прави своја верзија на салатата. Сепак, неговиот прелив се разликувал од оној на салатата што се служи во Ермитаж, па се верува дека оригиналниот рецепт останал тајна до ден-денес.

Иванов подоцна дури и го продал рецептот за салата на разни издавачки куќи, што придонесе за неговата популаризација. Откако семејството на Оливие ја напуштило Русија, салатата го добила името Оливие.

Како се менувале состојките?

Еден од најстарите печатени рецепти за салата Оливие се појавил во 1894 година и наведени се: лешници, компири, краставици, зелена салата, репа од рак, аспик, каперси, маслинки и провансалски прелив (нешто слично на мајонез).

Состојките кои биле ретки и скапи, па како што салатите станувале сè попопуларни меѓу обичните луѓе, постепено биле заменети со поевтина и подостапна храна.

За време на владеењето на Советите, кавијарот полека исчезнал од рецептот, зачините биле заменети со грашок, а кога мајонезот станал широко достапен во продавниците, провансалскиот сос излегол од рецептот.

Откако салатата ги надминала границите на Советскиот Сојуз, другите народи го прилагодија рецептот на нивната кујна.

Во салатата се додавале моркови (што руските готвачи се уште го сметаат за „непростлив грев“), на некои места пченка, а наместо месо од рак се појавило пилешко бело месо, а подоцна и шунка.

Дури и во границите на иста земја, рецептот за руска салата варира, па може да се најдат разлики од домаќинка до домаќинка.

Но, како што беше, едно е заедничко за сите - нема новогодишна трпеза без оваа салата.

Па, како и да го нарекувате и што и да го правите.

Фото: приватна архива Л.Т.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk