logo
logo
logo

Рижото со зеленчук и бело месо: БОГАТ ОБРОК кој ќе ве засити

Vecer | 26.05.2022

Рижото со зеленчук и бело месо: БОГАТ ОБРОК кој ќе ве засити

Рижотото со пилешко месо лесно се прави, а е исклучително здраво и лесно. Рижотото е едно од оние јадења за кои не ви треба многу искуство или многу време за подготовка. Идеален ручек кој ќе ги задоволи и љубителите на месо и зеленчук.

Покрај тоа, ова јадење содржи и ориз, па може да се смета за комплетен оброк со кој не ви треба ниту леб. Комбинацијата од зеленчук и пилешко месо, со одбрани зачини, му дава на јадењето уникатен вкус кој ќе го воодушеви вашето семејство.

Потребни состојки:

  • 1 шолја ориз
  • 2 покрупни, месести пиперки
  • 2 домата
  • 1 главица кромид
  • малку масло
  • 200 мл сок од домати
  • 300 г пилешко бело месо
  • сол
  • бибер
  • црвена пиперка

pirinač

Начин на приготвување: Кромидот ситно се сечка, па се динста во масло и малку вода. Кога кромидот ќе стане стаклест, додадете го месото и уште малку топла вода. Сè убаво измешајте и зачинете, па динстајте околу 10 минути. Додадете ги пиперката, доматот и 200 мл топла вода. Кога ќе зоврие додадете го оризот и сокот од домати. Се додава вода додека не се свари оризот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk