Ретко подготвен печен компир

Идеалн прилог за ручек, а секако и за гости кои пријатно ќе се изненадат

Ако досега познатиот печен компир во рерна беше класичен начин на поготовка, направте истиот да биде нешто поинаков, повкусен и секако поинересен во неговиот визуелен изглед, и што е јаважно времето на подготовка е исто.

Ако сакате да подгответе реш и крцкав компир испробајте го овој рецепт.

Состојки:

компи
зачин
бибер
сусам
семки од сончоглед
зејтин
3-4 лажици пченкарно брашно (може и палента)
1 лажиче црвен пипер
1 лажиче буковец (пикантна по желба)
1 лажица кисела павлака

Подготовка:

Компирот исечен на резанки, му го додавате зејтин, павлака, зачин, сусам, семки од сончоглед, црвен припер, буковец, бибер и на крај пченкарно брашно. Сето тоа добро измешајте го, со што сместа да биде кашаста која добро ќе се врзе за компирот.

Во тепсија со масна хартија ја истурате смесата распоредувајќи ја низ неа, ја ставате во загреана рерна на 250 степени и ги печете околу 30 минути убаво да заруменат.

Доколку сакате да бидат реш и крцави печете ги нешто повеќе од 30 минути, секако ќе ги надгедувате а и пробате додека не го добиете посакуваниот вкус.

Идеалн прилог за ручек, а секако и за гости кои пријатно ќе ги изненадите.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари