logo
logo
logo

РЕМЕК-ДЕЛО на француската кујна: Принцес крофни кои се топат во уста

Vecer | 10.02.2022

РЕМЕК-ДЕЛО на француската кујна: Принцес крофни кои се топат во уста

Ги викале профитероли, еклери или принцес крофни овој француски деликатес не е без причина еден од омилените во светот! Изгледа како дело на врвни слаткари, а всушност се прави многу едноставно, додека вкусот победува на првиот кремаст залак ...

Воздушестото тесто за крофни првпат било спомнато кај старите готвачи во 16 век, кога готвачката Катерина де Медичи во 1540 година направила мешавина за свадбена прослава на дворот на војводата од Орлеанс. Токму од ова тесто стотици години подоцна - во 19 век - се направени профитеролите, мек колач кој денес го обожава целиот свет.

Од Франција, овој десерт составен од млечен фил и меко тесто, ја освои планетата, а интересно е што особено го ценат Швеѓаните, кои имаат многу креативни рецепти за принцес крофни - за Божиќ прават црвени,  за Велигден жолти, бели за свадби, портокалови за Ноќта на вештерките... Ова ремек- дело на француската кујна доби и своја светска недела, која се слави секоја трета седмица во септември.

Како да го направите ова магично задоволство? Всушност, многу лесно!

Рецепт за најдобрите принцес крофни 

Потребни состојки:

За тестото:

  • 6 лажици брашно
  • 3 јајца со средна големина
  • 200 мл вода
  • 100 мл масло

За филот:

Начин на приготвување:

Да се загрее рерната на 220 степени, а тепсијата да се обложи со хартија за печење.

Тесто

Во шерпа измешајте вода и масло и оставете да зоврие, па тргнете го од оган и постепено додавајте го брашното со постојано мешање со жица. Кога смесата ќе стане компактна и густа, оставете да се излади. Кога ќе биде топла до млака, постепено додавајте јајца со матење со миксер, па тестото истурете го во шприц или кесичка. Со кружни движења на хартија за печење формирајте го тестото со шприц, така што ќе направите крофни (почнете од средината, па раширете го кругот и завршете нагоре). Печете најмалку 20 минути или додека не порумени, без да ја отворите рерната до самиот крај, за да не се спласнат. Извадете и оставете да се излади.

Фил

Ставете да зовријат 200 милилитри млеко, а посебно измешајте ги брашното, шеќерот и ванилиниот шеќер, останатите 100 мл млеко и жолчките. Кога млекото ќе зоврие додадете ја оваа смеса, убаво измешајте додека не се згусне, па оставете да се излади. Додека се лади филот изматете ја слатката павлака, па со жица за матење додајте и го изладениот фил.

Декорација

 

Кога ќе се изладат крофните, пресечете ги хоризонтално на половина, па со шприц наполнете ги со филот и преклопете ги како сендвич.

На крај декорирајте со шеќер во прав.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk