Рецепт: Ќофте во затвор (видео)

Ќофте во затвор звучи необично и комплицирано но во суштина воопшто не е. Нивната подготовка е брза и лесна, а по вкус неверојанти.

Потребно е да се сварат компирите и да се исечат на кругови, со нив да го поплочите огноотпорниот сад.
Меленото месо го мешате со ситно сецкан кромид, буковка сол и бибер.

Од месото се формират ќофтиња. Секое ќофте се става врз парчето компир, а меѓу нив ставате кругови од компир така да секое ќофте биде заградено – како во "затвор".

Потоа ќофтињата се прелеваат со бешамел сос подготвен предходно, наредндан кашкавал врз ќофтињата, се запечуваат во рерна 15 минути на 200 степени.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари