Рецепт за Камали леб, стар 2000 години

Камали е традиционален чапати лед (налик на тортиљи) на Хунзите, а рецептот за ова здраво пециво е стар 2000 години. Камали лебот го намалува апетитот со само едно изедено парче од овој леб и влијае да не почуствувате глад од 4 го 6 часа.

 Состојки:

1 шоља брашно или мешавина од 1/3 пченично брашно и 2/3 брашно од хељда, сол на врв од лажиче или сол од мешан зачин, 1/2 шоља минерална вода.

Подготовка:

Измешајте го брашното и солта, полека додавајте ја водата и мешајте додека не добиете тесто. Површината каде го подготвувате тестото посипете ја со брашно а потоа месете го тестото додека не стане меко и еластично.

Завиткајте го тестото во влажна крпа и оставете го да стои 30 минути. Потоа поделете го на еднакви топчиња, секое топче се сука во тенка тортиља околу 2-3 см. дебелина и 20 см. во пречник.  

Тортиљата печете ја на плотна или во тавче, прво едната, потоа другата страна околу 10 минути.

Така подготвени покриете ги со крпа.

Најнови вести

Коментари