logo
logo
logo

Рецепт за единствениот ЛЕБ кој ТОПИ сало!

Vecer | 09.04.2022

Рецепт за единствениот ЛЕБ кој ТОПИ сало!

Во морето на различни диети и брзи решенија за слабеење, лебот и јаглехидратите се сметаат за непријател број еден. Забораваме дека не секој леб е направен од исти состојки, а со тоа и штетен. Некои видови леб можат да ви помогнат не да ги доведете во ред килограмите, туку и да го подобрите целокупното здравје.

„Дури и наједноставниот леб може да биде дел од здравата исхрана, но некои опции се подобри кога станува збор за слабеење и отстранување на масните наслаги“, вели Лорен Манакер, медицински експерт.

Нејзина препорака е лебот на Езекиел.

За каков леб станува збор?

Едно парче од овој леб содржи 80 калории, 0,5 г масти (0% заситени), 15 г јаглени хидрати (од кои 3 г влакна) и 5 ​​г протеини.

Направен е по посебна, побавна процедура и е полн со состојки кои ќе му бидат пријатни на вашето тело. Има пченица, јачмен, просо, спелта и мешунки. Заедно, овие намирници прават моќна комбинација на протеини и содржат дури 18 аминокиселини, вклучувајќи ги и сите девет неопходни за нашето тело. Бавниот процес на печење го спречува губењето на природните влакна и витамини од житарките. Спротивно на вкоренетиот мит дека лебот дебели, постои фактот дека житарките од цело зрно можат да бидат успешен, дури и клучен сојузник во губењето килограми, наспроти белиот, преработен леб.

Според студијата објавена во World Journal of Diabetes, замената на преработените житарки со оние од цело зрно придонесуваат за губењето килограми. Се верува дека главната причина лежи во високото ниво на влакна кои се поврзани со стомачните микроби и метаболичкото здравје. Поради диеталните влакна, лебот од цело зрно (Езекиеловиот леб) прави да останете сити подолго. Непреработените житарки содржат помалку шеќер, па помагаат во намалување на масните наслаги. Високата содржина на влакна и протеини во само една порција од овој леб нема да го подигне нивото на шеќер во крвта, па полесно ќе ги изгубите масните наслаги. На овој начин без грижа на совест можете да уживате во лебот и сите намази.

Еве како да го приготвите овој леб дома:

Потребни состојки:

  • 8 чаши пченично брашно од цело зрно
  • 4 чаши брашно од јачмен
  • 2 чаши варена и испасирана леќа
  • половина чаша мелено просо
  • половина чаша 'ржано брашно
  • чаша и пол вода
  • лажичка сол
  • 4-6 лажици маслиново масло
  • 7 г свеж кавсец или лажица сув
  • половина чаша топла вода
  • 1 лажица мед

Начин на приготвување: Растворете го квасецот во топла вода и мед и оставете го да отстои 10 минути. Измешајте ги пченичното, 'ржаното брашно, просото и јачменот. Потоа измешајте ги леќата и маслото со малку вода и изблендирајте, а потоа истурете во сад со остатокот од водата. Додадете ја смесата со брашно и растопениот квасец, додадете го остатокот од брашното. Кога ќе ја измешате смесата, намачкајте ја на површина лесно покриена со брашно и месете го тестото додека не стане мазно. Тестото се става во тавче подмачкано со масло и се чека двојно да нарасне.

Повторно замесете тесто, исечете го на четири векни и оставете да нарасне.

Се пече на 200 степени 45 минути.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk