Рецепт: Најефтина чоколадна торта која брзо се подготвува

Состојки:

5 jajца
11 лажици шеќер (рамни)
4 лажици какао kašike kakaa
3 лажици масло
1 пециво
1 литар млеко
100 гр. чоколадо
100 гр. маргарин
300 гр. шлаг пена или павлака

Подготовка:

Најпрво ја вклучувате рерната да се грее на 20 степени, а за тоа време ги матите белките со 5 лажици шеќер. Ги додавате жолчките и маслото, полека ги мешате. На крај додадете 5 лажици брашно, 2 лажици какао и пецивото и сето тоа полека го мешате. Во плехот обложен со масна хартија за печење истурте го тестото и рамномерно распоредете го по плехот и ставете го во рерна. Температурата намалете ја на 180 степени.

2. Додека кората се пече, остнатите 6 лажици брашно помешајте ги со 2 лажици какао и 6 лажици шеќер со малку млеко, остатокот млеко ставте го во сад да зоврие. Во млекото се додава смесата од брашното и другите состојки и се варат додека смесата не се згусне. Се трга на стана се додава здробено чоколадо и се меша додека не се растопи. Се остава смесата да се олади.

3. Печениот пандишпан се лади, се сече водорамно на три еднакви дела. Секој дел се попрскува со малку млеко.

4. Маргаринот се мати додека не стане пенаст, и се додава во изладениот фил. Посебно се мати шлагот или слатка павлака.

5. На кората се нанесува фил, па шлаг, повторно кора, и се така додека не се потроши матерјалот. Завршете со шлаг и украсете ја по желба. Тортата се става во фрижидер да отстои неколку часа во фрижидер пред послужување.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари