logo
logo
logo

Рецепт на славниот француски готвач за НАЈУБАВИТЕ ПАЛАЧИНКИ во светот

Vecer | 03.06.2021

Рецепт на славниот француски готвач за НАЈУБАВИТЕ ПАЛАЧИНКИ во светот

Славниот француски готвач Пјер Ерме тврди дека го знае „најдобриот рецепт за палачинки во светот“. Тој вели дека неколку мали работи прават голема разлика, а дека неговите палачинки се толку сочни и вкусни, што не им треба никаков прелив.

Потребни состојки:

  • 200 г брашно
  • 50 г шеќер
  • 1/2 л млеко
  • лажица или две арома од ванила
  • 5 јајца
  • изрендана кора од четвртина лимон
  • изрендана кора од цел портокал
  • 10 мл рум (по желба)
  • 100 г путер

Начин на приготвување: Загревајте го млекото додека не почне да врие, па додадете ја аромата од ванила. Оставете околу половина час да се излади и да прими од аромата. Во меѓувреме растопете го путерот и оставете го да се излади. Изрендајте ги кората од лимон и портокал, и додадете им шеќер. Млекото со миксер изматете го со јајцата. Просејте го брашното во сад, додадете го подготвениот шеќер со израндана кора, па во оваа смеса формирајте дупка во која ќе го додадете изматеното млеко со јајца. Со лажица измешајте ги течните и сувите состојки, мешајте се додека не добиете компактна смеса. Во мазната смеса додадете го растопениот и изладен путер и румот, па оставете да отстои околу 15 минути. Загрејте тава и почнете со печење.

Служете ги топли, со фил, прелив по желба!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk