Рецепт: Миш – Маш

Вкусен специјалитет со прелив од јајца и кисело млеко

Состојки:

Печени и излупени пиперки, 100 гр. сирење, еден врзол магдонос, 3 чешниња лук, два прстофат сода бикарбон или пециво, малку сол, 3-4 лажици масло, 100 гр. кашкавал.

За прелив: 3 јајца, 4 лажици килсело млеко, 2 лажици брашно, и прстофат сода бикарбона.

Подготовка:

Излупените пиперки ги цедите а потоа ги сецкате на ленти. Ги редете во подмачкана тава, преку нив ставате рендано сирењето и столчени чешниња лук. Одозгора зачинувате со масло, бибер, сол и ситно секан магдонос.

Ги матете јајцата со кисело млеко и сода бикарбон, па го додавате брашното и сето тоа добро го мешате. Со смесата ги залевате пиперките и ги печете 20 минути на 200 степени во заграна рерна.

Ја вадете тавата од рерна и додавате рендан кашкавал, и повторно ја враќате во рерна уште 10 минути да се запече.

Количината на пиперките се одредува по потреба.

Поврзани

Најнови вести

Коментари